Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 24та седница на Совет на општина Новаци

24-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.02.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 22-та и 23-та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Одлука за реализaција на Проект – Реконструкција на улица од Пошта до Златен клас во с.Новаци до крај на каналот, Општина Новаци;

3. Разгледување и донесување на Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;

4. Разгледување и усвојување на Извештај на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци;

5. Разгледување и усвојување на Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци;

6. Разгледување и усвојување на Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;

7. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2023 год.;

8. Разгледување и усвојување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ за 2022 год.;

9. Разгледување на Барање за финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“- Новаци за учество во пролетната напреварувачка сезона 2023 год.;

10.Разгледување на Барање од Здружение за младински активизам „Младинска граѓанска акција“ за користење на деловен простор;

11.Разгледување на Барање од  Драги Лаковски од с.Новаци за финансиска помош поради пожар на семејната куќа (во прилог Записник за  штета од пожар од Комисијата за проценка на штета од елементарни и други непогоди);

12.Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content