Соопштение за одржување на 19та седница на Совет на општина Новаци
19-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.11.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
Усвојување на Записникот од 18-та седница на Совет на Општина Новаци
- Предлог – Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новаци за сезоната 2022/23 година.
- Предлог – Развоен план за комунални дејности на територијата на општина Новаци за период 2023-2025.
- Предлог – Програма за животна средина на општина Новаци за 2023г.
- Предлог – Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на општина Новаци за 2022г.
- Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци за 2022г. – измена Ноември 2022г. (санација на тоалети во ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци)
- Предлог- Одлука за формирање на Комисија за попис на општина Новаци.
- Барање од одделението за Неврологија при Клиничка болница – Битола за набавка на електричен бојлер за потребите на одделението.
- Барање за финансиски средства во висина од 45 350,00 ден. од КУД „Новаци“ за превоз на играорците до Струга, Охрид, Витолиште , Конче – Радовиш
- Барање од Николче Мицевски за поддршка на промоција на неговиот нов солистички албум со инструментална музика „NEW ERA“
- Барање од црковно иницијативен одбор од с.Сливница (барањето е во повеќе ставки)
- Барање од Благоја Дојчиновски од с.Новаци за асвалтирање на патот што води до куќата
- Барање од Гоце Стојановски од с.Новаци за исплата за извршена работа во соблекувалните на фудбалскиот стадион во с.Новаци
- Барање од Драги Лаковски од с.Новаци за финансиска помош поради пожар на семејната куќа (во прилог Записник за штета од пожар ( бр.од Комисијата за проценка на штета од елементарни и други непогоди)
Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош
- Доста Трајковска од с.Велесело бр. 08-936/1 од 20.10.2022г.
- Целе Тодорчески од с.Далбеговци бр.08-544/1 од 13.05.2022г.
- Мише Ѓоргиевски од с.Добромири бр.03-994/1 од 14.11.2022г.