Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 17та седница на Совет на општина Новаци

17-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 20.10.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на Записникот од 16-та седница на Совет на Општина Новаци

  1. Извештај за организација на манифестацијата „Фестивал на жетвата“- Новаци 2022г.
  2. Предлог – Измена и дополнување на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територија на општина Новаци за 2022г.
  3. Предлог – Одлука за разрешување на членови и именување на нови членови на Комисијата за утврдување на штети од земјотрес
  4. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог – актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Битола и општина Новаци.
  5. Предлог за разрешување и именување на нов член во Надзорен одбор за контрола на матерјално-финансиско работење на Меѓуопштинското јавно претпријатие “ПЕЛАЛИНК“ – Битола
  6. Предлог за разрешување и именување на нов член во Управен одбор на Меѓуопштинското јавно претпријатие “ПЕЛАЛИНК“ – Битола
  7. Именување на нов член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци
  8. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на општина Новаци за 2022г.
  9. Предлог – Одлука за поставување на јарболи на регионалниот пат Р-511 во с.Новаци за одбележување на државни празници
  10. План за фискална одржливост и поддршка на економски раст: политики, препораки, мерки и индикатори (Влада на Р.С.Македонија)
  11. Барање од ЗУСК ( Здружение на училиштен спортски клуб ) „Славко Лумбарковски“ с.Новаци за финансиски средства во висина од 130 000,00 ден. за реализација на активностите во учебната 2022/23 година.
  12. Барање од ПЗУ „Поликлиника Др. Соња“ с. Новаци за финансиска помош во реализација на поставување на парно на палети за кое е потребна инвестиција од
    260 000,00 ден.
  13. Барање од Гоце Неделковски со потекло од с.Тепавци (повратник во с.Тепавци) за обезбедување на градежен матерјал ( полиетиленско црево со должина од 150 м и спојки) за приклучување на локалниот селски вододвод.
  14. Барање од М.З. на с.Скочивир за поправка на патот во должина од 2 км. кој води од рекреативниот центар „Коњарка“ до манастирот “Св.Лука и Св.Наум Охридски“

Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Back to top
Skip to content