Соопштение за одржување на 16та седница на Совет на општина Новаци
16-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 23.09.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 15-та седница на Совет на Општина Новаци
- Предлог – Измена и дополнување на Буџетот на општина Новаци за 2022г.
- Предлог – Одлука за превземање на раководен административен службеник од општина Кривогаштани
- Предлог – Измена и дополнување на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територија на општина Новаци за 2022г.
- Предлог – Измена на одлуката за усвојување на Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за административни службеници и други вработени во општина Новаци поради усогласување на платите со минималната плата
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопшинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен
- Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Kомисија за подготовка на Предлог – Актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ресен и општина Новаци.
- Предлог за разрешување и именување на нов член во Надзорен одбор за контрола на матерјално-финансиско работење на Меѓуопштинското јавно претпријатие „ПЕЛАЛИНК“ – Битола
- Предлог за разрешување и именување на нов член во Управен одбор на Меѓуопштинското јавно претпријатие „ПЕЛАЛИНК“ – Битола
- Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на лицето Талевски П. Кире од с.Новаци
- Именување на нов член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална Хигиена“ -Новаци
- Годишен план за вработување на ЈПКД „Комунална Хигиена“–Новаци
- Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална Хигиена“ –Новаци
- Известување за ставање во мирување на комбинирана паралелка во подрачното училиште во с.Рибарци во учебната 2022/23 год.
- Барање од Здружение на граѓани „Оф Роуд –Македонија“ за одобрување на финансиски средства во висина од 42 000,00 ден. за настанот Добро Поле 1918-2022
- Барање од Црковниот одбор на црквата „Св.Атанасиј Велики“ во с.Новаци за одобрување на градежен матерјал ( 35 вреќи цемент, 4 арматури-мрежи и 12 мᶟ песок) за потребите на црквата.
- Барање од КУД „Новаци“ – Новаци за обезбедување на финасиски средства за превоз до Струга, Охрид, Витолиште и Конче –Радовиш во износ од 45.350,00 ден.
- Барање од ЗФК „Пелагонија“ с.Добромири за финансиски средства во висина од 70.00,00 ден. за натпреварување во есенскиот дел 2022/23 год. во Општинска лига – Битола.
- Барање од Месна заедница на с.Рапеш за тампонирање на банкини покрај локална улица кои се оштетени од дождовите.
- Извештај од извршениот увид во врска со барањето од Месна заедница на с.Долно Орехово за поставување на пластично полиетиленско црево Ф 63 во должина од 450м и спојки ( бр. 03-771/1 од 11-08-2022г).
- Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош