Соопштение за одржување на 14та седница на Совет на општина Новаци
14-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.07.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
Дневен ред
Усвојување на Записникот од 13-та седница на Совет на Општина Новаци
- Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
- Предог-Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.- измена Јуни 2022г. (набавка на градежни матерјали железо, арматура и дрвена граѓа)
- Усвојување на Предлог –Социјален план на општина Новаци поднесен од страна на Општински совет за социјална заштита
- Предлог-Одлука за разрешување на Борис Христовски како член на Комисијата за процена на штети од елементарни и други непогоди и именување на нов член
- Годишен извештај за работата на ЗУСК Славко Лумбарковски –Новаци за учебната 2021/2022г.
- Квартален извештај за извршување на буџетот на OОУ„Славко Лумбарковски“ за квартал од 01.04.2022г. до 30.06.2022г.
- Годишен план за вработување од ООУ „Славко Лумбарковски“ –Новаци
- Доставување на Преглед за формирање на паралелки во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци
- Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ –Новаци
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за јавна чистота на територија на општина Новаци за 2022г.
- Барање од Манастирскиот одбор на манастирот Св.Никола од с.Суводол за 6 кубици песок за изведување на градежни работи кај манастирот
- Барање од одборот на манастирот Св Никола во с.Суводол за градежен матерјал (бекатон плочки за поплочување и уредување на манастирскиот двор во површина од 600 м².)
- Барање за одобрување на матерјална или финансиска помош за доизградба на манастирскиот комплекс при манастирот Св.Атанасиј Велики с.Старавина
- Барање од Здружение за развој и ревитализација ПЕШТА од с.Градешница за градежен матерјал за потребите на црквите во село Градешница (пласифициран плех 48м² за настрешница)
- Барање од Црковниот одбор на црквата Св.Петка во с.Скочивир за градежен матерјал (греди, лајсни, ќерамиди и сл.) во износ од 200.000,00 денари.
- Барање од Црковниот одбор на црквата Св.Атанасиј Велики во с.Новаци за градежен матерјал за потребите на црквата ( 35 вреќи цемент, 4 арматури-мрежи и 12 кубици песок.)
- Барање од Црковен одбор од с.Живојно за финансиски средства за одбележување на христијанскиот празник „Илинден“ .
- Барање од Mесна заедница на с.Рибарци за лицето Лазевки Трајан за поставување на бетонска цевка Ф 500 на земјен пат во должина од 5 м поради пропуштање на водата од изградениот бетонски канал изграден од општина Новаци
- Барање од Месна Заедница на с. Новаци за градежен матерјал потребен за реконструкција на постоечки детски парк сместен на излезот од селото на патот кон село Добромири.
- Барање од Месна заедница с.Рапеш за достава на вода за пиење поради техничка неисправност на постоечката вода за пиење.
- Барање од Месна Заедница на село Арматуш за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна, 2-3 пати неделно до надминување на сушниот летен период.
- Барање од Месна заедница с.Долно Орехово за мехнизација СКИП за ископување на канал во должина од 800 м за поставување на црево за селски водовод.
- Барање од Месна Заедница с.Гермијан за реконструкција на постоечко водопоило сместено во селото.
- Барање од Тони Стојчевски од с.Рибарци поставување на одводна цевка Ф 200 мм.
Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош