Посета на регионална депонија во Кожани, Грција
Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија-АДКОМ, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира посета на регионалната депонија во Кожани, Грција. Целта на посетата е запознавање со изгледот на регионалната депонијата што ќе се гради во Мегленци. Поаѓање на 27.11.2023 во 8:30 од пред зградата на Општина Новаци, враќање во 15:00. Секој заинтересиран граѓанин да се пријави на телефонот за контакт 075456034, најдоцна до 24.11.2023. Местата се ограничени.