Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 34та седница на Совет на општина Новаци

34-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 33-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  3. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско-корисна работа 2023/24 година, за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
  5. Разгледување и донесување на  Одлука за одобрување на финансиски средства на сите студенти, жители на Општина Новаци, кои ќе се запишат во прва година – прв циклус студии на државените универзитети во РСМакедонија;
  6.  Разгледување на Годишен план за вработување на МЈП „Пелалинк“- Битола, за 2024 година и донесување на Одлука;
  7. Разгледување на Барање за субвенционирање на обврските на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за потрошена електрична енергија за водоснабдување;
  8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор;
  9. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски “– Новаци за набавка на дигитална инфрастуктура;
  10. Разгледување на Барање од МЗ с. Живојно за еден камион песок, за потребите на црквата „Св.Спас“;
  11. Разгледување на Барање од МЗ од с. Живојно за 3 камиони чакал за санација на патот до црквата „Св.Спас“ и манастирот “Св.Петка“;
  12. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content