Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите во Општина Новаци

Екипи на јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена” – Новаци работат на расчистување на улиците и тротоарите од снегот, кој денеска интензивно паѓа во Пелагонискиот регион. Градоначалникот на oпштина Новаци, Љубе Кузманоски на терен е во постојана координација со дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци.

Во текот на денот исчистени се патните правци до повеќе населени места, а се работи на расчистување и на останатите.

Дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци ќе ги расчистуваат улиците во сите населени места во општина Новаци во текот на ноќта.Општина Новаци упатува апел до сите граѓани, согласно Законот за јавна чистота, да вршат расчистување на снегот пред своите објекти и да не го фрлаат на коловозните ленти со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Со намера расчистувањето да се одвива непречено, граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.

Back to top
Skip to content