Советот на Општина Новаци во посета на ЈОУДГ „Бамби” – Новаци
Советниците и претседателот на Советот на Општина Новаци, Наумче Смилевски, денеска беа во посета на детската градинка „Бамби” каде што направија увид за опременоста на градинката.Советот на Општина Новаци континуирано ја поддржува работата на оваа јавна општинска установа.
Советот на Општина Новаци постојано беше вклучен во иницијативата за отворање на прва детска градинка во Општина Новаци преку донесување на одлуки за нејзино отворање.

На денешната средба со вршителот на должност и вработените во градинката, советници од Советот на Општина Новаци им доделија вредносен ваучер на ЈОУДГ „Бамби” – Новаци.