Генералниот конзул на Бугарија во Битола во посета на Новаци
Генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов, беше во посета на Општина Новаци каде што оствари средба со градоначалникот Љубе Кузманоски.

Од Генералниот бугарски конзулат донираа 20 новогодишни пакетчиња, кои Општина Новаци им ги додели на деца од социјално-ранлива категорија.