Усвоен Буџетот за 2021 година на Општина Новаци
На 63-тата седница на Советот на Општина Новаци со 5 гласови ЗА и 4 ПРОТИВ беше донесен Буџетот на Општина Новаци за 2021 година. Исто така беше донесена Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2021 година.
Советниците едногласно донесоја одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година како и одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите за останатите вработени во општинската администрација кои земаат плата согласно Закон и Колективен договор за 2021 година.
Советот донесе одлука за капитални инвестиции за 2021 година.
На седница на советот беше донесена и одлука за спроведување на мерки на превентивна дезинсекција и систематска дератизација за 2021 година.
Советот донесе решение за избор на претседател и членови на Комисијата за попис.
На седницата беа усвоени и програмите за спроведуваање активности на спортските друштва и одржување на спортската инфраструктура во општина Новаци за 2021 година, програмата за култура, културни активности, културни и други манифестации на општина Новаци за 2021 година, програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2021 година, програмата за животна средина на општина Новаци за 2021 година, програмата за локален економски развој на општина Новаци за 2021 година.
Советот го разгледа барањето од ЗФК Новаци 2005 – Новаци за одобрување на финансиска помош.
На седница на Советот на Општина Новаци беше донесена одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка за пожарникарите помеѓу општина Новаци и општина Битола.
Советниците ги разгледаа барањата од жители за одобрување на социјална еднократна парична помош.
Советот на општина Новаци донесе одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани, спортски, уметнички и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица со посебни потреби за 2021 година.
Советот го разгледа и барањето од месната заедница на с.Тепавци за одобрување набавка на градежни материјали.
Советниците на општина Новаци го изгласаа финансискиот план (буџет) на ЈОУГД „Бамби“ с.Новаци за 2021 година и годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2021 година.
На седницата се донесе годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2021 година.
Исто така, Советот го разгледа и барањето на КУД „Илинден“ – Битола за одобрување на финансиски средства за печатење на монографија.
Советот на Општина Новаци ја усвои програмата за еднакви можности за 2021 година, направи измени и дополнување на развојниот план за комунални дејности на територијата на општина Новаци за периодот 2020-2020 година усвоен од Советот на општината на 10.12.2019 година, ја усвои програмата за одржување на локалните водоводи во општина Новаци за 2021 година, програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 2021 година, програмата за работа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална Хигиена“ – Новаци за 2021 година, годишниот план за јавни набавки на ЈКП „Комунална Хигиена“ – Новаци, како и барањето од ЈКП „Комунална Хигиена“ – Новаци за давање на согланост за користење на кредити, акредитиви и гаранции.