Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

350 новогодишни пакетчиња за децата од Општина Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со директорот на ОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, Илче Соклевски им доделија 250 новогодишни пакетчиња на учениците во централното и подрачните основни училишта на територијата на општина Новаци.

Дополнително, градоначалникот Кузманоски заедно со претседателот на Советот на Општина Новаци, Наумче Смилевски, доделија 100 новогодишни пакетчиња за дечињата низ населените места во општината.

Исто така, Петар Вељановски како претставник на администрацијата на Општина Новаци, додели новогодишни пакетчиња и во Здружението на слепи лица – Битола.

Градоначалникот Кузманоски, на сите деца им посака среќни празници и убав зимски распуст.

Back to top
Skip to content