Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ ПО 5.000 ДЕНАРИ ВО СТАРТОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Советот на Општина Новаци донесе Одлука за одобрување на финансиски средства во висина од 5.000 денари –бруто износ на родителите на деца запишани во 1-во одделение во централното ООУ “Славко Лумбарковски” во Новаци и подрачните училишта во општина Новаци за учебната 2020/2021 година.

Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги при самиот старт на новата учебна година.

Се известуваат сите родители кои имаат запишано прваче во новата учебна 2020/2021 година во ООУ “Славко Лумбарковски” да поднесат Барање за паричен надоместок во општина Новаци –во архива.

Потребни пропратни документи –
-Потврда од училиштето за запишана година
-Извод на родени од детето
-Фотокопија од лична карта на родителот
-Фотокопија од трансакциона сметка на родителот

Back to top
Skip to content