Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19

АПЕЛ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19 ПРЕД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО НОВАЦИ
Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с.Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник –Мала Богородица. Оваа година имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава Рождество на Пресвета Богородица ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот.Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.

Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч.
Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020(понеделник) со почеток во 08ч .
Верата во Бога, надежта во Неговата неизмерна милост и љубовта кон нашиот ближен нека ни бидат составен дел од нашето секојдневие , при тоа не заборавајќи дека силен потпорник имаме во ликот на Мајката Божја –Богородица!
Нека ни е за многу години празникот !
Општина Новаци
Back to top
Skip to content