Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НАБАВЕНИ ДВЕ ТРАНСПОРТНИ ВОЗИЛА МИНИБУС И КОМБЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Денес во посета на општина Новаци беше министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски каде заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Гого Видимче направија увид во набавките кои се реализирани со средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Буџет на општина Новаци .

Станува збор за минибус ISUZU со 30 седишта и комбе Peugeot со 9 седишта набавени во рамки на проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ финансиран во рамките на програмата за регионален развој за 2020 година од страна на Бирото за рамномерен регионален развој и Министерство за локална самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и буџет на општина Новаци со вкупна вредност на инвестицијата од 6.646.940 денари.
Моментално испорачан е минибусот и се очекува испораката на комбето во утврдениот рок.

Преку реализацијата на овој проект односно преку набавката на Минибусот и Комбето првенствено се обезбедени сите услови и капацитети за обезбедување на бесплатен превоз на учениците од општина Новаци како и заштеда и поврат на инвестицијата.Исто така ќе се обезбедат и социјални услуги на граѓаните и општинската администрација.

“Со финансиска поддршка од локалната самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Пелагонискиот плански регион обезбедени се две нови возила за Општина Новаци. Тоа е минибус со 30 седишта и комбе со 9 седишта. Финансиската конструкција е 4.200.000 денари помош од Министерството за локалната самоуправа и 2.500.000 денари сопствени средства од буџетот на Општина Новаци. Со овие возила ние ќе ги пренесуваме учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Освен заштеда и поврат на инвестицијата повеќе ќе немаме проблеми со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа учениците да чекаат превоз заради зафатеност на приватните превозници или дефект но и од други причини. Покрај овие две возила имаме уште други две комбиња кои ги вклучуваме во превозот на учениците и еден автомобил, така да се надевам дека оваа година со почетокот на учебната година на 5. октомври ќе нема никаков проблем за превозот на учениците од основното образование. Минибусот кој го набавивме ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан и автомобилот вози на правец за село Тепавци. Дополнително имаме уште еден правец за село Гнеотино и Рибарци. Овие превозни средства ќе се користат исклучиво за превоз на ученици, бидејќи ние како општина немаме дозвола за превоз на граѓани. Заедно со Општина Битола и Општина Могила заедно работиме на формирање на заедничко јавно претпријатие за јавен превоз и се надеваме до нова година истото ќе биде формирано, со што ќе ги вклучиме сите капацитети во тоа јавно претпријатие и тогаш ќе може да добиеме и лиценца за превоз на патници, а дополнителнот ќе се воведат и нови линии сега каде што не се опфатени некои населени места како што е Градешница каде што немаме никаква линија за превоз на граѓани. “-истакна градоначалникот Кузманоски .

“Денеска сме во Општина Новаци со цел да направиме увид на оние набавки кои што се реализирани со средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Во Новаци набавивме еден мини-автобус со 30 седишта и комбе со 9 седишта кои што ќе бидат во функција на учениците и на тој начин Општина Новаци и градоначалникот ќе го решат проблемот со превозот на учениците, ќе се заштедат средства и општината комплетно ќе си го превземи тоа организирање што е за поздравување бидејќи знаеме дека сите општини имаат проблем со организирањето на превозот на ученици. Со ова всушност докажуваме дека ние инвестираме паралелно како во градските средини така и во руралните средини бидејќи нас граѓаните ни се подеднакво важни независно каде живеат. Во иднина ќе продолжиме и имаме намера да се зголемат финансиските средства за поддршка кои што ќе одат од Министерството за локална самоуправа во идниот период и се разбира јас како министер од овој регион единствен се надевам дека заедно со градоначалниците што можи повеќе ќе излобираме за во идниот период да може повеќе средства за Пелагонискиот регион. Финансиската конструкција на овој проект е 6.600.000 денари дел од Министерството за локална самоуправа, а дел на од буџетот на Општина Новаци.”-истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски .

Back to top
Skip to content