Соопштение за одржување на 55та седница на Совет на општина Новаци
55та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 05.11.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 54-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Статут на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за учество на Јавниот повик – Програма „Јавни работи“;
- Разгледување и донесување на Одлука за примање на донација за изработка на Основен проект за изградба на новопроектирани улици во индустриската зона Новаци од ГИМ АД Скопје;
- Разгледување на Известување од МИСТ-ЕТМ Битола;
- Разгледување на Барање од Месна заедница на с.Зовиќ за набавка на градежен материјал 120мᶟ чакал;
- Советнички прашања.