Соопштение за одржување на 53та седница на Совет на општина Новаци
53та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 52-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Годишен план за вработување за 2025 год. на Општина Новаци;
- Разгледување на барање од ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за финансиска помош поради непредвидени трошоци во 2024 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2025 год. на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
- Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци за 2023/2024 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишена програма за работа на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци за 2024/2025 год.;
- Разгледување на Одлука за добивање на Согласност за работа на воспитните групи со поголем односно помал број на деца во ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
- Разгледување на Одлука за утвдрување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
- Разгледување на Барање од МЗ Грумази за изградба на 4-ри поилки за напојување на стоката;
- Разгледување на Барање за финансиски средства од КУД „Новаци“ Новаци ;
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.