Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 51ва седница на Совет на општина Новаци

51ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.07.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 50-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување на 23 Барања доставени на Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на Општина Новаци за 2024 година ;
  3. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 01.07.2023 до 29.02.2024 год. од ЗФК „Новаци 2005“;
  4. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 16.04.2024 до 29.05.2024 год. од ЗФК „Новаци 2005“;
  5. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 30.05.2024 до 05.06.2024 год. од ЗФК„ Новаци 2005“;
  6. Разгледување на Финансиска програма за сезона 2024/2025 год. на ЗФК „Новаци 2005“;
  7. Разгледување на Финансиска програма за сезона 2024/2025 год. ( младинска школа) на ЗФК „Новаци 2005“;
  8. Разгледување на барање од ЗФК Новаци 2005 за фарбање на соблекувална во фудбалско игралиште;
  9. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content