Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 39та седница на Совет на општина Новаци

39-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 11.12.2023 година со почеток во 10:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 38-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување  на измени и дополнувања на Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Новаци за 2023 година; 
  3. Разгледување и донесување на Одлука за определување на пазарната вредност на градежното и земјоделското земјиште на територијата на Општина Ноавци по зони и катастарски општини според просечната цена на извршени купопродажби во претходната година;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  5. Разгледување и усвојување на Програма за начинот на изведување на училишните екскурзии и други слободни активности за учебната 2023/24 год. и донесување на Одлуки;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на Новата 2024 година, Божиќните празници и празникот Богојавление (Водици);
  8. Разгледување на Барање од Здружение на граѓани „ФК Пелистер Ветерани Профи“ за финансиска поддршка во организирање на спортски настани;
  9. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content