Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 16та седница на Совет на општина Новаци

16-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 23.09.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Д Н Е В Е Н   Р Е Д    

Усвојување на Записникот од 15-та седница на Совет на Општина Новаци

  1. Предлог – Измена и дополнување на Буџетот на општина Новаци за 2022г.
  2. Предлог – Одлука за превземање на раководен административен службеник од општина Кривогаштани
  3. Предлог – Измена и дополнување на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територија на општина Новаци за 2022г.
  4. Предлог – Измена на одлуката за усвојување на Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за административни службеници и други вработени во општина Новаци поради усогласување на платите со минималната плата
  5. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопшинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен
  6. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Kомисија за подготовка на Предлог – Актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ресен и општина Новаци.
  7. Предлог за разрешување и именување на нов член во Надзорен одбор за контрола на матерјално-финансиско работење на Меѓуопштинското јавно претпријатие „ПЕЛАЛИНК“ – Битола
  8. Предлог за разрешување и именување на нов член во Управен одбор на Меѓуопштинското јавно претпријатие „ПЕЛАЛИНК“ – Битола
  9. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на лицето Талевски П. Кире од с.Новаци
  10. Именување на  нов член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална Хигиена“ -Новаци
  11. Годишен план за вработување на ЈПКД „Комунална Хигиена“–Новаци
  12. Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална Хигиена“ –Новаци
  13. Известување за ставање во мирување на комбинирана паралелка во подрачното училиште во с.Рибарци во учебната 2022/23 год.
  14. Барање од Здружение на граѓани „Оф Роуд –Македонија“  за одобрување на финансиски средства  во висина од 42 000,00 ден. за настанот Добро Поле 1918-2022
  15. Барање од Црковниот одбор на црквата „Св.Атанасиј Велики“ во с.Новаци за одобрување на градежен матерјал ( 35 вреќи цемент, 4 арматури-мрежи и 12 мᶟ песок) за потребите на црквата.
  16. Барање од КУД „Новаци“ – Новаци за обезбедување на финасиски средства за превоз до Струга, Охрид, Витолиште и Конче –Радовиш во износ од 45.350,00 ден.
  17. Барање од ЗФК „Пелагонија“ с.Добромири за финансиски средства во висина од 70.00,00 ден. за натпреварување во есенскиот дел 2022/23 год. во Општинска лига   – Битола.
  18. Барање од Месна заедница на с.Рапеш за тампонирање на банкини покрај  локална улица кои се оштетени од дождовите.
  19. Извештај од извршениот увид во врска со  барањето од Месна заедница на с.Долно Орехово за поставување на пластично полиетиленско црево Ф 63 во должина од 450м  и спојки ( бр. 03-771/1 од 11-08-2022г).
  20. Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Back to top
Skip to content