Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 15та седница на Совет на општина Новаци

15-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 23.08.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на Записникот од 15-та седница на Совет на Општина Новаци

  1. Барање за финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ во износ од 1.596.940,00 ден. за отпочнување на припремите за новата натпреварувачка сезона (есенски дел) 2022 година.
  2. Извештај од ЗФК Новаци 2005 за потрошени финансиски средства доделени по Одлука на Совет на општина Новаци во изност од 300.000,оо денари .
  3. Барање за финансиски средства од ЗФК Новаци 2005 во износ од 250.000, оо денари за подмирување на заостанати неподмирени трошоци од пролетната натпреварувачка сезона 2022 година.
  4. Предлог-Одлука именување на Александра Филиповска за нов член на Надзорен одбор на ЈКП Комунална Хигиена – Новаци
  5. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци.
  6. Одлука за усвојување на шестмесечниот извештај за работењето на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци.
  7. Барање од вработените во општинската администрација за продолжување на организираниот превоз од општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно кој претходно со Одлука на Совет на општина Новаци беше одобрен.(во прилог пресметка за вкупните месечни финансиски средства за организиран превоз).
  8. Барање од Месна заедница с.Горно Агларци за поставување на чешма за вода во близина на повеќенаменското игралиште.
  9. Барање од Месна заедница с.Гнеотино и црковен одбор од с.Гнеотино за финансиски средства во висина од 100.000-120.000,оо денари или изнаоѓање на фирма за изведување на градежен зафат изработка на подлога(глетовање) со цел врескоживописување на манастир во с.Гнеотино.
  10. Барање од Месна заедница с.Долно Агларци за одобрување на цевка во должина од 8м за потребите на селото таму каде што има потреба.
  11. Барање од Друштво за трговија, градежништво, инвестиции и услуги АЛНАСЕР 2000 Компани ДОО Скопје, одговорно лице Јове Јосифовски за одобрување на две нови арматури лед улично осветлување кај фабриката за производство на минерална вода во с.Гермијан.
  12. Барање од Месна Заедница на село Тепавци за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна согласно потребите на локалното население со цел надминување на проблемот со недостигот на вода во летниот период.
  13. Барање од Црковен одбор на црква Св.Петар и Павле од с.Долно Агларци за одобрување на финансиски средства во градежни материјали за реконструкција на кровот на црквата.
  14. Барање од Месна заедница од с.Долно Орехово за одобрување на пластично полиетиленско црево Ф63 во должина од 450м како и спојки и обезбедување на градежна машина Скип за ископ на каналот со цел решавање на проблемот со водоснабдувањето.
  15. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Август 2022 г (набавка на градежни матерјали-бетон).
  16. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Август 2022 г (Набавка на дрва за потребите на ООУ Славко Лумбарковски-Новаци и Изградба на новопроектирани улици во индустриската зона Новаци-Улица 1 и Улица 2).
  17. Барање од Месна заедница с.Грумази за асфалтирање на патот до с.Грумази во должина од 4 км.
  18. Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен за вршење на определени работи во надлежност на одделение за финансии и финансиски прашања-проценител на недвижен имот од страна на општина Ресен во корист и за сметка на општина Новаци.
  19. Измена и дополнување на Решение за именување Персоналенсостав на штаб за заштита и спасување во единица на локална самоуправа Новаци бр.14-104/17 од 30.01.2018 година.
  20. Измена на Преглед на персонален состав на универзална единица во јачина на вод согласно Одлуката за формирање на сили за заштита и спасување на општина Новаци арх.бр.14-900/27 од 09.10.2015 година.
  21. Одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2021/2022 година.
  22. Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2022/2023 година.
  23. Предлог-Одлука за ослободување на корисниците на социјална помош од општина Новаци од плаќање на сметки за комунални услуги кон ЈПКД Комунална Хигиена-Новаци.
  24. Предлог-Одлука за поддршка на Здруженија на граѓани и граѓански организации со седиште регистрирани во општина Новаци за обезбедување на превоз со возила во сопственост на општина Новаци.
  25. Предлог измени и дополнувања на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2022 година.
  26. Предлог Годишен извештај за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци за период 2021/2022 година.
  27. Предлог годишна програма за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци за период 2022/2023 година.
  28. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.
  29. Одлука за давање согласност за работата на воспитно –образовните групи во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.
  30. Одлука за утврдување на почеток и завршеток на работно време во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.

Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Дополнување на дневен ред на 15-та седница
на Советот на општина Новаци

  1. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Измена Август 2022г (Набавка на таблети за потребите на учениците од 4-то одделение од ООУ Славко Лумбарковски-Новаци).

32.Предлог –Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за административни службеници и други вработени во општина Новаци поради усогласување на платите со минималната плата.

33.Барање од ЗФК Новаци 2005 за обезбедување на превоз во сопственост на општина Новаци за фудбалската екипа за есенскиот дел од првенството 2022/2023г

34.Годишен план за вработување за 2023 година –општина Новаци

  1. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023г. на МЈП „ПЕЛАЛИНК “-Битола
Back to top
Skip to content