ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ
После серијата земјотреси на ден 09.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета во архивата на Општина Новаци до соодветната комисија за проценка на штети.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
-имотен лист на име на барателот/доказ за сопственост,
-фотографии од штетата
-копија од лична карта и
-копија од трансакциска сметка.
Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Новаци, ќе излези на терен, ќе направи увид и ќе ја утврди фактичката состојба на објектите по што ќе биде соодветно постапено согласно препораките на Владата за евентуален надомест на штетите.
Барањата можат да се доставуваат од Вторник 11.01.2022 до Четврток 27.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот во архивата на Општина Новаци.