СПРОВЕДЕНА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
Екипа на одсекот за ДДД при ЈЗУ Центар за јавно здравје од Битола вршат превентивна системска дератизација на подрачјето на општина Новаци како општа противепидемиска мерка.Оваа активност која се спроведува во текот на денешниот ден опфаќа поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци) во подземниот канализациски систем во с.Новаци (90 шахти) и во прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес(25 шахти).Со дератизацијата опфатена е Детската градинка во Новаци, Воспитно образовните институции, ЦОУ Славко Лумбарковски, Амбулантата во с.Новаци, Полициската станица,останати објекти и јавната депонија Мегленци.Акцијата е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на Одлуката на Совет на општина Новаци.
0 Comments