Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација во општина Новаци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на советите на Општините Могила и Новаци утре екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на  првата фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци).

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови (отровни мамци) во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Со дератизацијата  во Новаци и Могила  ке бидат опфатени:

Дератизација на подземниот канализациски систем во Селата Новаци и Могила  (90 шахти):

Дератизација на прифатниот канализационен систем на објекти од посебен јавен интерес (25 шахти): како

  • Детски градинки:
  • Воспитно образовни институции:
  • Здравствени установи:
  • Останати објекти во градот од јавен интерес: како, Објектите на  на локалната самоуправа,   Полициските станици и објектите на поштите.

Исто така од Центарот за јавно здравје информираат дека  ќе се изврши дератизација во јавната депонија Мегленци.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат екипи за дератизација при ЈЗУ ЦЈЗ Битола во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник од локалното комунално претпријатие во Општините. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content