Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржува рекреативниот парк на река Коњарка

Денеска целосно беа исчистени тротоарите, искосени тревните површини, санирана и поправена урбаната опрема, детските играчки и реквизити и беа поставени нови дополнителни канти за ѓубре во спортско рекреативниот парк на река Коњарка во Скочивир.,, Разликата од тоа како изгледаше претходно ова излетничко место кое е доста познато и многу посетено, запуштено, искршено, обраснато со трева и купишта ѓубре насекаде, и какво е денес после интервенцијата на Општина Новаци во соработка со вработените во ЈКП,, Комунална Хигиена ” Новаци е навистина евидентна. Сакам да им порачам на излетниците кои доаѓаат во Скочивир дека тие се добредојдени секогаш но апелирам да се однесуваат општествено одговорно кон јавните добра и да ја чуваат чистотата и животната средина ”, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.Спортско рекреативниот парк на река Коњарка е целосно реконструиран во 2016 година со средства од проектот,, Жива, историја, жива природа 2” од ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-ГР за што се вложено 80 000 евра.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content