Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 10 тата седница

Предпразнично советниците на Општина Новаци денеска ја одржаа 10 тата седница на која по усвојувањето на записникот од претходната седница, ги разгледаа 15 тината точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

Го увоија Кварталниот извештај за извршување на буџетот за Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 31.03.2022година.

Разгледаа и донесоа неколку предлог одлуки и тоа : за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација, за измена и дополнување на Одлука за основање на Општински совет за социјална заштита, за утврдување на приоритет на проект Изградба на плоштад кај куѓата на Калеш Анѓа во с.Старавина, за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект -Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина, а донесена беше и предлог  Програма за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјаните канавки покрај локални и полски патишта во општина Новаци за 2022 година.

Советот на Општина Новаци донесе предлог измена на одлуката за учество и и имплементација на активностите (реализација на SMALL-SCALE пилот проекти) на проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, финансиран од Програмата МАТРА и Кралството на Република Холандија, во партнерство со Про Локал од Битола.

На денешната седница се разгледаа и  неколку барања и тоа: од Црковниот одбор за поврзување на вода на манасторот “Св.Илија“ со водоводот во с.Живојно, за набавка на бехатон плочки за поплочување на дворот во манастирот “Св.Илија“ во с.Живојно, од М.З на село Зовиќ за механизација за поправка на патот кој води од село Зовиќ до манастирот “Св.Димиртија“ – Чебрен, за градежни активности во манастрот “Св.Петка“ во с.Груништа, од Црковен одбор на црквата “Св.Атанасиј“во с.Новаци за набавка на градежен матерјал (цемент и мрежа) за потребите на гробните места.

Се разгледа и барањeтo за финансиски средства од  ЗФК“ Новаци 2005“- Новаци  за пролетен дел од натпреварувачката година.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content