Младинскиот клуб во Гермијан пуштен во, употреба
Руинираниот објект во с. Гермијан е целосно реконструиран и обновен и денеска беше свечено пуштен во употреба во присуство на млсдите и жителите на село Гермијан.
,, На барање на младите и на жителите на село Гермијан целосно го реконструиравме стариот распаднат и руиниран објект. Комплетно го исчистивме стариот објект, ги реновиравме ѕидовите, ја заменивме старата со нова ПВЦ дограма и внатрешно го уредивме со кујна, шанк и останат потребен мебел” рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Реновирањето на ентериерот на Младинскиот клуб во Гермијан изнесува 443. 487,50 денари + ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Новаци.
n
0 Comments