Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан меморандум за соработка помеѓу РЕК “Битола“ и општините Битола, Новаци и Могила

Градоначалниците на општините Новаци, Могила и Битола потпишаа Меморадум за соработка со РЕК–Битола со што ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу комбинатот и трите пелагонски општина кои се во непосредна близина на истиот.
Директорот на РЕК–Битола, Васко Ковачевски, истакна дека комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.

„АД “ЕЛЕМ“ и подружницата РЕК “Битола“ посветуваат големо внимание на општествената одговорност која ја имаат и во таа насока потпишавме договори со општините Битола, Новаци и Могила. Со овие локални самоуправи можеме да соработуваме, а и да помагаме во делот на надлежностите на локалната самоуправа, екологијата, образованието инфтаструктурата, комуналните дејности. РЕК “Битола“ помагал и досега и понатаму ќе помага, а сакаме да ги помогнеме нашите блиски општини бидејќи нашите сограѓани чуствуваат потреба од РЕК “Битола“ во делот на економијата и социјалата и секако во делот на животната средина. Сметам дека овој момерандум кој го потпишавме дополнително ќе ја зајакне нашатата соработка која и досега ја имавме со овие три општини“рече Васко Ковачевски, директорот на РЕК “Битола.

Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски, рече дека со денешното потпишување на меморандумот не значи дека денес таа започнува.

-Општина Новаци уште од 1996 година со формирањето на општината имаме соработка, а ова е само официјализање на истата.

Градоначалнилката на Могила, Јасмина Гулевска рече:

-Општина Мигила денес не само што ја зацврстува соработката туку и ја продолќува соработката со Комбинатот  на сите полиња, екологијата, туризмот, образованието…

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за момеорандумот рече:

-Ингеренцииите кои ги има општина Битола во голем број се поклопуваат со можност за поддршка со РЕК “Битола“. И во изминатиот период сме имале помош од Комбинатот во поглед на стручниот кадар, но сме имале и финансиска помош.  Денешното потпишување на меморандумот е само потврда на таа соработка, продлабочување на истата и моѓност уште поуспешно да делуваме заеднички во интерес на сите граѓани во следниот период, а не ја пропушти приликата да им го честита празникот на сите вработени во Комбинатот.

Меморандумот беше потпишан во просториите на Управната зграда на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК “Битолаво присуство на градоначалниците на трите општини.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content