Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Топло добредојде за 17 те првачиња во ЦОУ „Славко Лумбарковски“

По повод почетокот на новата учебна година градоначалникот на општина новаци,Љубе Кузманоски го посети централното одновно училиште Славко Лумбарковски во Новаци и заедно со директорот Илче Соклевски им посакаа топло добредојде на 17 те првачиња.


” 1- ви септември е денот кога сите ние сме започнале една нова фаза од животот . Тоа е денот кога сите ние за првпат сме седнале во училишните клупи .Tогаш сите сме сфатиле дека образованието е битно за нашиот личен развој . Знаењето и вештините стекнати во образовниот процес ни овозможуваат развивање и ни гарантираат подобра иднина. Денес им посакав топло добредојде на сите 17 првачиња и успешен старт на учебната година и успех на 268 одделенци во основните училишта во општина Новаци. Образовниот процес непречено се одвива немаме никакви финансиски проблеми и обезбедивме успешен старт на новата учебна година ” – истакна градоначалникот Kузманоски

Од вкупно 17 ,  9 првачиња учат во централното училиште во Новаци а останатите  8 првачиња во подрачните училишта. Минатата година во ЦОУ „Славко Лумбарковски“  школувањето за прв пат го започнале 26 првачиња. Вкупниот број на ученици годинава изнесува 268 .

Новина годинава е тоа што на сите првачиња општина новаци ќе им додели еднократна парична помош во висина од 4000 денари.

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content