Отворени 22 Пелагонски културно научни средби во Новаци
Во салата на Општина Новаци денеска беа отворени традиционалните 22 –ри Пелагонски културно-научни средби.
Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во динина,а посочи дека како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници.
Оваа година на Пелагонските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на Славе Николовски Катин и наградата „Златен клас за македонскиот вознес“на Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија.Исто така беше направена видео презентација за Стале Попов – чувар на македонскиот збор, беше презентиран Зборникот бр.17 од 2021 година, беа промовирани 2 книги а кратки излагања имаа и учесниците на Пелагонски средби 2022 година.
Средбите за прв пат беа организирани во 2001 година и досега учество зеле голем број научни дејци.Домаќин е општина Новаци затоа што скоро сите научни дејци се по потекло од овај крај.
На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Покровите е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битола.
0 Comments