Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА

Во присуство на шеесеттина жители на Општина Новаци, општинската администрација предводена од градоначалникот Стевче Стевановски, млади, пензионери, здруженија на граѓани и претставници на училиштето, градинката, Советот и комуналното претпријатрие, се одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци за 2023 година.

Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2023 година во согласност со потребите на жителите.Преку реализацијата на овој буџетски форум, Општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари.

„Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2023 година при што општината води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , пред се уредување патната инфраструктура ( 4 краци до )Индустриската зона во Новаци, нејзино внатрешно инфраструктурно уредување, изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за Добромири, пречистителна станица за Новаци, изградба на пешачка патека од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, вложување во чиста енергија, фотоволтаици, искористување на биомаса, реконструкција на фасадата во ОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци, развој на алтернативниот туризам, поддршка на младите, спортот и кутлурата. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Ова е прва сесија од вкупно 5 што ќе се одржат во рамките на Буџетските форуми, односно три до крајот на оваа година и петтата последователна во следната 2023 година.
Работната атмосфера започна со презентација за тоа што значи форумскиот процес,за да продолжи со општа презентација за буџетот на Општина Новаци а градоначалникот Стевановски го презентираше стратешкиот развоен план и реализираните проекти во изминатата година како и приоритетите за 2023 година.

На денешната прва форумска сесија беа дадени доста интересни предлози од присутните како на пример изградба на санитарните јазли во ОУ „Славко Лумбарковски “ Новаци внатре во школската зграда, изградба на повеќе детски паркчиња, велосипедска патека, органзирање на обуки за јакнеење на претприемачкиот дух кај месното население,проекти за грижа на старите лица и сл.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content