Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОПШТИНА НОВАЦИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ДО 14:00 ЧАСОТ

Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, Општина Новаци ги известува граѓаните дека администрацијата и сите надлежни служби на општина Новаци од утре(петок) 20.03.2020 година до 24.03.2020 година ќе работат по скратено работно време , од 08:30 до 14:00 часот со редуцитран број на административни службеници поради заштита на здравјето на граѓаните и вработените.

Сите потребни информации и услуги , граѓаните ќе ги добиваат непречено и понатаму . Градоначалникот и службите на општината остануваат достапни за итни потреби на граѓаните, додека локалната самоуправа продолжува со работа на тековните проекти.

Општинската администрација ќе работи со странки само за предмети што се итни и неодложни.

Апелираме до граѓаните, за сите потреби, прашања и предлози до општината, истите да ги достават по електронски пат на следната е-маил адреса:novacio@t.mk и на телефонскиот број 047/203-060

Ви благодариме на разбирањето и уште еднаш Ве повикуваме да се придружувате до препораките.

Јавното здравје е заедничка одговорност.Од нас звиси!

Општина Новаци
Градоначалник
Љубе Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top