Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕ НА COVID-19 (Корона вирус)

Врз основа на препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија по основ за превземање на дополнителни локални мерки и активности за превенција од ширење на Covid-19 (Корона вирус) и прогласувањето на вонредна состојба на територија на Република Северна Македонија, Општина Новаци ги се предлага следните ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ:👇

1.Се активира работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување кој е во постојано заседавање додека траат мерките за заштита од вирусот.Поради придружување кон една од препораките за заштита нема да се држат состаноци , туку комуникацијата и одлуките ќе се донесуваат по електронски пат.

2.Поради поголема оперативност во спроведувањето на препораките се формира ОПЕРАТИВЕН ШТАБ во следниот состав:

1.Љубе Кузманоски –градоначалник
2.Стевче Ангелевски-Секретар на општина -071/235-534
3.Борче Јовановски-Директор на ЈКП Комунална хигиена -075/216-559
4.Ирена Поповска-Талевска-Советник за човечки ресурси-078/282-319
5.Петар Велјановски-Соработник-078/282-388
6.Драган Балуловски-Возач-075/216-562
7.Благојче Бежановски-Советник-076/295-696

Задачи на оперативниот штаб се следните:

На дневна основа да врши инструкции и превземање на мерки за заштита од коронавирусот согласно препораките од Влада , Министерството за здравство и другите државни институции и препораки.
Да врши препораки , одлуки и набавка по итна постапка на заштитни средства и други средства неопходни за заштита од ширење на вирусот за потребите на вработените во општината и жителите на општината.
Превзема и други мерки во согласност со моменталната ситуација со ширењето на вирусот.

3.❗️Се известуваат жителите на општина Новаци дека општинската администрација ќе постапува во решавањето само на итни предмети и сите барања да се доставуваат по електронски пат на следниот е-маил:novacio@t.mk ,на телефонскиот број 047/203-060 или по пошта.
4. ❗️Се известуваат жителите на општина Новаци дека за сите здравствени проблеми и симптоми поврзани со вирусот , да не одат директно кај медицинските лица, туку да се јават директно во Центарот за јавно здравје во Битола на телефонскиот број -071/261-330.

5.❗️❗️Општина Новаци формира и мобилни тимови во сите населени места на територија на општина Новаци кои во координација со Општинскиот штаб во Новаци од 20.03.2020г (петок) ќе вршат помош на стари , изнемоштени лица , лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категорија на лица во ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање на оваа категорија граѓани и да не се изложат на дополнителна опасност.

Помошта на мобилните тимови ќе се состои од :👇

Помош за набавка на намирници и средства за хигиена
Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето.

Овие категории на лица да ги користат телефонските броеви на членовите на оперативниот штаб кои заедно со избраните волонтери од населените места ќе ги извршуваат задачите.

6.❗️❗️Донесени се низа мерки и препораки за заштита и превенција од Covid-19 (Корона вирус) на локално ниво вклучувајќи ги мерките и препораките кои важат на државно ниво во услови на вондредна состојба:👇

❗️Да се изврши миење и дезинфекција на локални улици и други јавни површини .
❗️Да се изврши дезинфекција на сите јавни институции , вклучувајќи го Центарот за ран детски развој БАМБИ , училиштата и сите приватно-здравствени установи на територија на општина Новаци .
❗️Локалната самоуправа ќе асистира во набавка на средства за дезинфекција и на другите органи на општината.
❗️Да се одложат сите градежни активности кои граѓаните на општина Новаци ги вршат или планираат да ги извршуваат се со цел да се намали влезот на граѓани во општината од други соседни општини.
❗️Да се постават соопштенија во сите населени места за поголема информираност на граѓаните.
❗️Жителите на општина Новаци да го намалат движењето во институциите , со исклучок на итни и неодложни работи.
❗️❗️Жителите на општина Новаци да го сведат на минимум движењето надвор од своите домови , со исклучок на итни и неодложни работи и да ги применуваат препораките за држење на растојание од 1-1.5 м од друго лице , носење на заштитни ракавици и заштитна маска како и користење на средства за дезинфекција.
❗️Да не се прави групирање во поголем број на сите јавно-прометни површини во и општината.
📣Граѓаните да не создаваат залихи од прехрамбени производи и средства, бидејќи снабдувањето со храна и основни продукти во општината е редовно и достапно за сите.

❗️Претседателите на месните заедници да превземат активности да нема собирање и задржување во и пред продавници , маркети , угостителски објекти , кафулиња и други објекти .
-Граѓаните да ги откажат сите патувања во земји со висок и среден ризик .
❗️Лицата кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и лицата кои се сомневаат дека имаат симптоми на коронавирус , да го контактираат Центарот за јавно здравје –Битола на👉 тел.071/261-330.

❗️ПС Новаци да ја одвива работата во услови на вондредна состојба со засилени мерки за сузбивање на поголеми групи на граѓани .
– ❗️За непочитување на мерките и препораките, како и наредбите за задолжителна самоизолација од 14 дена , пријавете на телефонските броеви на МВР односно на 192 или на 047/282-122 –ПС Новаци .
📢📣Информациите поврзани со новонастанатата состојба со Covid-19 (Корона вирус), да се црпат исклучиво од Министерството за здравство , поради што информациите од неофицијални извори доведуваат до паника кај населението.
❗️Секој граѓанин лично да покаже граѓанска свест и одговорност, и заради себе, и заради другите.

7.❗️Општина Новаци ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронични заболувања, бремени жени како и родители со деца под 10 годишна возраст доколку и двата родители се во работен однос.

8.Да се превземат и други мерки и препораки и за истите , како и за мерките и препораките кои ги превзема Владата на Република Северна Мкедонија да се известат жителите на општина Новаци преку веб страната на општина Новаци www.opstinanovaci.gov.mk и на друг соодветен начин.

Општина Новаци
Градоначалник
Љубе Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content