Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВАЦИ ЈА ПРАЗНУВА МАЛА БОГОРОДИЦА

Во бисерот на Пелагонија, манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци со вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар започна празнувањето на големиот празник Мала Богородица .Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со манастирскиот одбор присуствуваше на чинот на пристигнување на владиката Г.Петар во манастирот и вечерната богослужба.Манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци веќе децении наназад ја негува традицијата на одбележување на овој голем ден и празник не само за граѓаните од Новаци, туку и пошироко во регионот.По повод празникот, градоначалникот Кузманоски упати честитка до сите верници со желба за добро здравје, среќа, благосостојба и негување на позитивните вредности.”Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина .Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица токму во Новаци, многумина го наоѓаат својот духовен мир . Овој храм претставува скапоцен бисер и културен белег на нашиот народ.Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето.Сите заедно, сплотени, со верба во Господ и чиста мисла да го прославиме овој голем христијански празник .Нека ни е за многу години Мала Богородица “-истакна градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content