Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Примопредавање на градоначалничката функција во општина Новаци

Денес на пладне се изврши примопредавање на Градоначалничката функција во општина Новаци. Општинската Изборна Комисија му го издаде уверението на новиот градоначалник, Стевче Стевановски, а примопредавањето се случи во канцеларијата на досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски.

“Би сакал да се заблагодарам за топлиот прием којшто денес ми беше организиран. Им се заблагодарувам на граѓаните за големата доверба и поддршка која ми ја дадоа и мојата победа на локалните избори ја направија конечна уште во првиот круг. Сакам да им се заблагодарам на сите мои пријатели, роднини, познаници и сите мои сограѓани кои ме поддржуваа до доаѓањето на овој момент. Она што го ветував во предизборието дека ќе имаме транспарентна и отворена општина, услужна општина за сите, е нешто што сакам да го нагласам и во овој момент.

Целокупната своја енергија, стручност и ентузијазам максимално ќе ги вложам за да ја направам општина Новаци убаво, посакувано и достојно место за живеење. Ви гарантирам дека посветеноста во извршувањето на должноста Градоначалник ќе биде максимална со цел да им одговориме на потребите на жителите и решавањето на нивните проблеми. Знам дека пред мене претстои многу работа, дека претстојат многу обврски на кои што морам да одговорам. Подготвен сум за нив и сигурен сум дека жителите на општина Новаци за многу брзо време ќе можат да ја почувствуваат промената за која масовно гласаа.”

Со почит

Ваш Стевче Стевановски,

Градоначалник нa Општина Новаци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top