Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конститутивна седница на Советот на Општина Новаци

Согласно Статутот на општина Новаци верификацијата на мандатите на членовите на новиот Совет се врши на првата конститутивна седница, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и менувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.Токму затоа денеска се одржа првата конститутивната седница на новиот Совет на општина Новаци со која претседаваше претходниот претседател на Советот Наумче Смилевски.

Советот на Општина Новаци најпрво состави верификациона комисија, потоа се направи верификација на мандатите на членовите на Советот кои согласно дневниот ред потпишаа свечена изјава. Потоа се пристапи кон избор на кандидациона комисија за предлагање на кандидат за претседател на Советот на општина Новаци, избор на претседател и решение за избор на комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

За претседател на Советот на општина Новаци беше избрана  Славица Најдовска Стојковска од ВМРО ДПМНЕ со 8 гласа ЗА и 1 воздржан.

Најдовска Стојковска на присутните советници им се заблагодари на изборот и изрази надеж за понатамошна соработка, успешна и плодна работа со реализација на многубројни проекти.

„Им посакав среќна и успешна соработка во следните четири години со цел да ги реализираме сите проекти кои беа ветени во предизборната кампања со што ја баравме и добивме довербата на нашите жители. Се разбира  доколку тоа се реализира несомнено е дека општина Новаци ќе биде подобро место за живеење за сите нас. Особено ме радува фактот што сум прв претседател жена на Советот на општина Новаци нешто што мојата партија ВМРО ДПМНЕ особено го истакнува промовирајќи ја родовата еднаквост како и важноста од поставување на жени на раководни места и функции. “ рече Славица Најдовска Стојковска.

Честитајќи им го изборот на новите советници градоначалникот на Општина Новаци , Стевче Стевановски, рече дека малкумина ја имаат честа да бидат советници, тоа е истовремено и привилегија но и обврска и одговорност пред жителите кои им ја дале довербата, затоа што оние кои ги избрале по четири години ќе бараат резултати од нивното работење.

„ На сите избрани советници ви го честитам четиригодишниот мандат и се надевам дека сите заедно ќе работиме за да се имплементираат проекти од интерес на сите жители на општина Новаци но секако и проекти кои се од интерес на развојот на локалната самоуправа. Јас како градоначалник заедно со советниците кои се јавиваат  прво како посредници а потоа и како финансиери  треба да ги преточиме потребите на жителите во реални проекти, изнаоѓање на средства за финансирање на истите до комплетна реализација.Посакувам да бидеме сите во функција на служба за граѓаните, со цел по четиригодишниoт мандат да oставимe проекти кои ќе се паметат и со кои ќе се гордееме“, порача Стевановски

Новиот општински Совет  брои девет советници , пет  од политичката партија ВМРО ДПМНЕ и колицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советnик од ЛДП и ДОМ. На локалните избори кои се одржаа на  17 октомври бројот на совоени гласови според кои се распределија советничките мандати изгледаше вака: ВМРО ДПМНЕ 966 гласа, СДСМ 746 и ЛДП и ДОМ 243 гласа. Партијата Македонска трета ера освои 34 гласа, додека советничка листа на Едиснтвена Македонија освои 59 гласа.

На денешната свечена седница собветниците разгледаа и усвоија и неколку точки кои се најдоа на денешниот дневен ред и тоа: Одлука за одобрување на финансиски средства ( 5000 денари еднократка парична помош по дете) на родителите на деца запишани во прво одделение  во ОУ „Славко Лумбарковски“  Новаци и подрачните училишта како и усвојување на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2021 година до 30.09.2021 година.

Исто така беше донесено и решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет  и локален економски развој.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content