Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА

Денес се одржа втората форумска сесија за планирање на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година.
Пред присутните жители на Општина Новаци беа презентирани четири програми од буџетот со предлог проекти и тоа:

Програма ЕА – Капитални инвестиции
1. Изградба на внатрешна инфраструктура во Индустриската зона во Новаци – 95 милион денари
2. Изградба на патека до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци – 6 милион денари
3. Реконструкција на ограда на црквата св. Никола Талалеј во с. Добромири – 1 милион денари
4. Партерно уредување во повеќе села во Општина Новаци – 1 милион денари
5. Изградба на внатрешни тоалети во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци – 1 милион денари
6. Изградба на детски парк во с.Новаци – 1 милион денари
7. Изградба на водопоила во селата Живојно и Гермијан – 1 милион денари
8. Изградба на детски парк во с. Добромири – 800.000,00 денари
9. Бушотина во с. Гермијан за снабдување на вода во поројот – 800.000,00 денари
10. Реконструкција на игралиште во с. Новаци – 1 милион денари
11. Поставување на урбана опрема во училиште во с.Добромири – 300.000,00 денари
12. Реконструкција и одржување детски паркови во с.Новаци – 1 милион денари
13. Доизградба на фекална канализациона мрежа во с. Новаци – 1 милион денари
14. Реконструкција на подрачните училиштата во селата Гермијан и Живојно преку МОН – 3 милиони денари
15. Бушотина во с.Гермијан – 800.000,00 денари
16. Градежно занаетчиски работи на постоечки објекти – 2,5 милион денари
17. Портал со камери во Новаци

Програма Г1 – Поддршка на локален економски развој

1. Изградба на Индустриска зона во Новаци – 75.000,000,00 денари

Програма ЈИ – Изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води

1. Изградба на канализација со пречистителна станица во с. Добромири – 19.583.952,00 денари
2. Изработка на проектна документација за пречиститетелна станица во с. Новаци
3. Изработка на проект за канализациона мрежа и пречистителна станица во с. Гермијан

Програма К4 – Културни манифестации и творештво

1. Одбележување на новогодишни, божиќните празници и Водици
2. Манифестација „Фестивал на жетвата“
3. Опремување на медијатека во Младински културен центар Новаци

Од присутните граѓани на форумот при разгледувањето на разните буџетски програми беа дадени следните предлози: поставување на спортски реквизити, уредување на училишниот двор во ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци и изградба на паркинг простор во склоп на училиштето, реконструкција на оградата во црквата во Добромири, обезбедување редовен автобуски превоз, изградба на старски дом, возило за прва помош, изградба на настрешница на паркинг просторот пред општината, чистење на езерото во Рибарци, реконструкција на патот Рибарци-Брод-Гнеотино- Бач, реконструкција на скалите во црквата во Рибарци, изградба на систем за наводнување за потребите на земјоделците, детско паркче во Бач, откупен центар за земјоделски производи, отстапување на општински објекти под закуп за отворање на приватни бизниси, изградба на голем парк во Новаци, канализација со пречистителна станица во Добромири и пречистителна во Новаци, повеќе културни настани во текот на летниот период а еден од нив е претставување на културата, храната и традицијата на повеќе КУД од земјата и странство.

Целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ е планирање на општинскиот буџет за следната 2023 година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Буџетскиот форум е најдобра можност општината да покаже високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните. За граѓаните ова е можност да увидат дека планирањето на ограничените средства не е воопшто лесно и дека општината не може да ги оствари сите приоритети.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content