Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа работилница за влијанието врз животната средина при изградбата на акумулацијата Чебрен

Денес во Општина Новаци се одржа работилница за определување на обемот на Студијата за оцена на влијанието врз животна и средина и социјални аспекти (ОВЖССА) за проектот Оптимизација на искористувањето на енергијата на Црна река.

Експлоатацијата на Црна Река за производство на електрична енергија е од стратешки интерес заМакедонија поради нејзиниот значителен потенцијал за обезбедување електрична енергија со врвно оптоварување и сезонско и годишно складирање на вода. Врз основа на повеќе студии направени во минатото, искористувањето на енергетскиот потенцијал на Црна Река предвидува изградба на три акумулации – Чебрен, Галиште и Тиквеш. Досега само ХЕ Тиквеш е изградена во долниот дел на кањонот на реката.

Изградбата на хидроцентрала Чебрен била предмет на истражување уште од 60-тите години. Во последните неколку години, ЕСМ со поддршка на IPF 1 беа активни во ревидирање и ажурирање на постоечките студии и подготовка на Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалната средина (ОВЖСО) за проектот.

Од самиот почеток, проектот беше промовиран како проект со повеќе развојни цели, што ќе даде значаен придонес не само во производството на електрична енергија, туку ќе има и голем број други придобивки, вклучувајќи го и зголемувањето на производството на енергија од обновливи извори од 25%
на околу 45%, балансирање на врвното оптоварување, развој и балансирање на енергетските излези од обновливи извори, спречување на поплави во регионите на прекуграничниот тек на реките Вардар и Црна река.

Проектот моментално е во фаза на определување на обемот на студијата за ОВЖССА. ЕСМ и неговите Консултанти планираат да одржат состаноци со повеќе засегнати страни – органи на Влада, институции, различни организации и претставници на локалните заедници, со цел да се презентира проектот и да се
дискутира за прашањата и коментарите на засегнатите страни.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content