Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Гермијан за три години инвестирани се рекордни 1 милион евра

Завршени се градежните активности од капиталниот проект „Уредување на Порој во село Гермијан во должина од 1.500 метри“ со вредност на инвестицијата од 32.5 милиони денари.  

Проектот се реализираше во 3 фази со инвестиција преку грант од Светска банка, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со средства обезбеди преку ИПА програмата за меѓунагранична соработка со Грција, Министерството за локална самоуправа и Општина Новаци.  

Со овој проект трајно го решаваме проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште, станбените и фармерските објект на жителите од село Гермијан каде што како директни корисници се јавуваат 100 земјоделски семејства со околу 300 жители.  

Овој проект е уште еден дока дека Општина Новаци се грижи за локалното население и трајно ги решава долгогодишните проблеми и барања на граѓаните. 

Back to top
Skip to content