Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Положено свежо цвеќе по повод 11-ти Октомври

11-ти Октомври

По повод 11-ти Октомври свежо цвеќе на бистата на Славко Лумбарковски положи Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

„Денешниот ден потсетува на времето на една значајна генерација, време пример за сите генерации, за младите кои во тој период обединети околу идејата за самостојна Македонија тргна во ослободителна борба која воедно беше и национална борба за независна Македонија.” – изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Како што пишува историчарот д-р Александар Литовски, Славко Лумбарковски бил припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Основно и средно образование учел во родниот град. Уште тогаш е приврзаник на напредното комунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ.

Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун. Учесник во антифашистичкото движење од почетокот на окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија. Кратко време студира во бугарскиот главен град Софија.

Во 1942 г. е уапсен во Битола, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево како заменик на политичкиот комесар на Првата Македонска Народноослободителна Бригада.

Back to top
Skip to content