Стевче Стевановски
Градоначалник
Стевче Стевановски е роден во Добромири, Општина Новаци, каде што и живее со својата сопруга и трите деца. Средно училиште завршил во Битола, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола, завршен IV степен, звање: земјоделски техничар. Завршил факултет за земјоделски науки и храна при Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје – завршен VII/1 степен, насока: поледелство, стекнато звање : дипломиран земјоделски инженер – агроном на тема: „ Енергетско-економска оценка на технологијата на производство на тутун кај индивидуалните производители“.
Стевче има богато работно искуство во приватен сектор, а од 2015 година работи како советник за локална инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина во Општина Новаци.
Станува Градоначалник на општина Новаци на Локалните Избори во 2021 година. Назначен е на функцијата на 29.10.2021 година.
Доаѓа од редовите на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ.
Приемен ден кај градоначалникот на Општина Новаци е секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот. Покрај лично, градоначалникот може да го исконтактирате преку КОНТАКТ ФОРМАТА на ВЕБ страницата на Општина Новаци, преку порака на неговата фан страна: https://www.facebook.com/StevcheStevanovski или на:
email: gradonacalnik@opstinanovaci.gov.mk Телефон: 047/20 30 60
Анкетниот лист на градоначалникот Стевче Стевановски, објавен на ДКСК може да го најдете на следниот ЛИНК.
Надлежностите на градоначалникот на општината се:
(1) Градоначалникот:
1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
8. Го извршува буџетот на општината;
9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
13. Раководи со општинската администрација;
14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон. 4
15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
Нето платата на градоначалникот изнесува 91.348,00 денари