Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци набави возило за собирање на отпад

Општина Новаци продолжува да инвестира во сопствена комунална механизација и збогатување на возниот парк на ЈКП „Комунална Хигиена“ – Новаци. За таа цел набавено е специјално возило за собирање на комунален отпад, 10 метални контејнери и 50 пластични канти со капацитет од 120 литри.

„Со вториот грант од проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој се реализира преку Министерствто за финансии набавено е специјално возило за транспорт на комунален отпад, контејнери и канти за соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад. Станува збор за грант во висина од 4.612.362 денари средства обезбедени преку Министерството за финансии и општинско кофинансирање во висина од 440.000 денари или севкупно 5.051.580 денари.

Преку овој проект ќе се овозможи дополнително собирање на комунален отпад во уште 3 населени места и тоа во село Бач, село Брод и село Живојно. Истовремено ќе се овозможи и одржување на јавната хигиена во овие населени места бидејќи во овие села постои недостаток од соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад. Општината продолжува да ги подобрува услугите за граѓаните во сите населени места со цел почиста и поубава Општина Новаци“, изјави градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

Back to top
Skip to content