Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Наумче Мојсовски оствари средба со младите од Новаци

Учениците од ООУ „Славко Лумбарковски” – Новаци имаа можност да разговараат со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој им даде препораки на младите како да спортуваат за време на пандемијата со Ковид-19 но и на кои проекти ќе работи Агенцијата за млади и спорт во наредниот период.

Во рамките на оваа работилница предавање на тема: Ковид-19 и менталното здравје кај младите одржа психологот Марина Јованоска.

Оваа активност е дел од проектот „Психо-социјална инклузија преку едукација на младите луѓе од руралните средини за време на пандемијата Covid-19“ поддржан со грант од Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, а го спроведува Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола.

Back to top