Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дезинфекција на работните простории во Општина Новаци

Со оглед на тоа што во изминатиов период имаме големо покачување на бројката на заразени лица од Ковид-19 на ниво на целата држава, Општина Новаци изврши целосна дезинфекција на работните простории во општинската зграда.

Уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат и применуваат пропишаните мерки и препораки од Владата и Министерството за здравство за заштита од Ковид-19 и тоа:
-да носиме заштитна опрема на устата и носот;
-редовно да вршиме дезинфекција на рацете;
-да ја одржуваме пропишаната дистанца од 2 метри.

Back to top