Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Анкетен прашалник за граѓанско буџетирање

Почитувани,

Со цел да се овозможи поголема вклученот на граѓаните и граѓанските  организации во процесот на креирање на буџетот на општината за 2021 година, општина Новаци ги повикува граѓаните и граѓанските организации како и претседателите на Месни заедници и претсавниците од црковните и манастирските одбори од 10.11.2020 година да земат активно учество со свои предлози, идеи и барања во изготвувањето на Предлог  годишната програма за работењето  на општината во 2021г.

Имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот и неможноста од физичко присуство при буџетските и програмските консултации  сите предлози, идеи, барања и препораки да се достават во пишана форма во вид на програма до општина Новаци преку пошта  на адреса на општината, ул.1бр.бб, 7211 општина Новаци, преку електронска пошта на novacio@t.mk  или да се достават на портирница (I спрат ,општинска зграда Новаци ).

Исто така, граѓаните може да ги доставуваат своите предлози и преку пополнување на електронски прашалник на следниот ЛИНК.

Со почит,

                                                                                                     Општина Новаци

                                                                                                      Градоначалник

                                                                                                    Љубе Кузманоски

Back to top
Skip to content