Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Старавина се одржа обука за гаснење на пожари

Викендов во атарот на селото Старавина,во општина Новаци, се реализираше обука за просторни сили за пожари на отворен простор.
Обуката предизвика голем интерес кај локалното население, а во обучувањето на вклучените лица учестуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија Аднан Џаферовски. Тој посочи дека дирекцијата има одлична соработка со општина Новаци во
областа на организирањето на ваков тип на обуки. Oпштина Новаци ја покрена иницијативата за обука за просторните сили за заштита од пожари на отворен простор. Ова е една од
активностите кои што Дирекцијата за заштита и спасување во изминатите шест
месеци ги реализира со цел подигнување на свеста кај граѓаните,   подигнување на
моралот во однос на иницирање на вакви обуки на територијата на целата
Република Македонија и воспоставување на систем за цивилна заштита, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Просторот на Старавина е избран како локација бидејќи се работи за голема територија на негибната природа која што треба да се заштити од пожари, при што Дирекцијата за заштита и спасување ги става на располагање своите ресури односно материјално-технички средства за потребите на вакви обуки.

Тоа е многу важно, не само за општина Новаци, туку и за подигнување на моралот кај населението
се со цел да ја заштитиме природата.,,-вели директорот на
Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

60 лица од Пелагонија учествуваа во дводневната обука во која учествуваа
просторните сили од пелагониските општини, по пет членови од секоја
општина, заедно со тимот од организацијата која што ги претставува
просторните сили на општина Новаци. Вежбата беше изведена со настап на четири тимови кои излегоа на терен со гаснење на оган
на отворен простор.


Во целата процедура учествуваше и одделението за заштита и
спасување, вели Александар Ангелески, секретар на планинарското горско
спасително друштво Ава кота 1050 од Новаци.

Back to top
Skip to content