Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 13 –тата седница

Советот на општина Ноавци денеска ја одржа 13 тата седница на која разгледаа и одлучија по дваесеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од претходната седница , се усвои Планот за измена и дополнување на годишениот план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година-Јуни 2018 година, беше разгледана и сувоена програмата  за одржување на локалните водоводи во општина Новаци за 2018 година, од Ј.П. за Комунални дејности ,,Комунална Хигиена,,Новаци.

Советниците денеска разгледаа и неколку барања од физички лица  за еднократна финансиска помош за лекување, направена штета од пожар и сл.

На денешната седница беа доесени и две одлуки за урбанистичка документација со која ќе се изврши промена на траса на собраќајната инфраструктура во с.Далбеговци .

Советниците денеска донесоа и предлог- одлука за одобрување на финансиски придонес во проект финансиран од Европска Унија, администриран од Светска Банка – Проект за локална и регинална конкурентност (ПЛРК), повик за изразување на интерес “Инвестиции на подгрантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите”, бр. LRCP – 1/18.

Советот на општина Новаци на денешната седница го разгледа барањето од Здружение за мода Пикси студио Новаци, за одобрување на финансиски средства  за реализација на Културно-забавно лето ,,Новаци 2018,,, ЈП за Коунални дејности ,,Комунална хигиена,, Новаци, за одобрување на средства за набавка на моторна пила за сечење на дрва и  од Здружение за спорт ОФФ РОУД КЛУБ Пелистер-Битола, за одобрување на финансиски средства за одржување на дводневна џип тура.

Меѓу останатите точки на дневниот ред кои беа разгледани и за кои беа донесени одлуки се :формирање на заедничка комисија помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, донесено е решение за именување членови во заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци и донесена е одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци  за учество во финансирањето на Регионален центар за подршка на слепи лица и лица со попреченост во видот.

 

 

Back to top
Skip to content