Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на документарен филм „Живеј, работи, создавај“

Промоција на документарен филм „Живеј, работи, создавај“ на Културно лето Новаци 2017.

Во просториите на Младинскиот културен центар Новаци беше промовиран документарниот филм „Живеј, работи, создавај“.

Во филмот беше обработено и промовирано мотото на Културно иновативниот клуб и неговите досегашни активности и придонеси од областа на културата и другите области на ангажираност како еден мал петгодишен јубилеј од почетокот на нивната работа.

Филмот беше изработен заедно со членови на КИКН, а носители и реализатори на идејата за еден ваков проект беа Снежана Велјановска и Билјана Мицевска. Нараторскиот ангажман беше на Елизабета Kочева- Jосифовска . Во филмот се ставени документирани материјали од сопствена архива на клубот и материјал од соработниците.

Овој документарен филм сведочи за мотивираноста, посветеноста и ангажираноста на членовите на КИКН во создавањето на една посовремена и поубава состојба на живот во Општина Новаци.

Back to top
Skip to content