Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

По повод Денот на независноста ќе се одржи 6-тиот меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци

Викендов во Општина Новаци ќе се одржи традиционалниот, шестти по ред, Меѓународен турнир во фудбал „Новаци ЛГ куп 2017“, кој традиционално се одржува по повод празникот 8-ми септември – денот на независноста на Република Македонија.

Оваа година ќе усчествуваат 20 екипи со по 40 тимови , 600 деца и 40 тренери од 20 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Натпреварите се одржуваа помеѓу фудбалерите од генерациите 2002-2008 година.

Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски а настанот ќе се одржи во сабота 09 септември со почеток во 13 часот во дворот на општина Новаци.

’’ Кога пред 6 години прв пат го организиравме турнирот се надевавме дека секоја година ќе биде побогат  со учесници, но еве не денес 6 години потоа турнирот прерасна во традиција кој секоја година во континуитет е посетен и успешен. Годинава Општина Новаци е домаќин на 20 фудбалски клубови односно 40 екипи од различни генерации или  600 дечиња на возраст од 8 до 13 години од Македонија, БИХ. Србија и Грција. За два дена на терените во Новаци и Битола ќе се одиграат вкупно 74 натпревари во сите генерации од 2002-208 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

За најдобрите екипи организаторот обезбеди пехари и медали за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни награди за најдобар играч,стрелец и голман.

„ Тука сме веќе 4 –та година по ред, многу ми е мило што имаме добри пријатели тука и се надеваме дека ќе продолжи соработката и поатаму. “  рече учесник од Грција.

Затворањето на турнирот ќе биди во недела во 17:00ч. на стадионот во Новаци.

 

Back to top
Skip to content