Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 67-мата седница

 

Советот на општина Новаци ја одржа редовната 67-ма седница на која се разгледаа и усвоија околу триесеттина точки.Како и секогаш седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница и продолжи со однапред утврдениот дневен ред.

Беше донесена одлука за усвојување на тримесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци  за периодот 01.01.2017 – 31.03.2017 година. Беа донесени неколку предлог измени и дополнувања на Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2017 година(09-437/2 од 09.06.2017 година), а беа усвоени и барање од ОУ „Славко Лумбарковски“  с.Новаци за добивање согласност за формирање на паралелки за учебната 2017/2018 година(Преглед 1 и Преглед 2) и согласност на годишниот план за вработување за 2017 година.

 

Советниците на денешната седница донесоа и неколку предлог одлуки за вклопување на бесрпавно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за селата Брод, Рибарци, Долно Орехово, Паралово,Добромири,Далбеговци, Гермијан и Маково.

 

Советот на општина Новаци разгледа барања на физички лица за доделување финансиска помош за погребални трошоци и санирање на куќа во с. Рапеш, барање од црковен одбор од с.Маково за одобрување на градежни матерјали за потребите на селската црква Св.Михаил Архангел, за санација на ограда двор и надворешна заштита на објектот наменет за градинка,  барање од Месна Заедница с.Маково за одобрување на средства за набавка на гориво(нафта) за чистење на браните и полските патишта во с.Маково,с. Рапеш и с.Орле а беше донесена и предлог одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и  вклопување на бесправни  објекти во идна урбанистичко-планска документација(Пеце Стојановски с.Полог).

За пензионерите на општина Новаци Советот го усвои барањето за одобрување на финансиски средства за автобуски превоз на релација Битола-Св.Наум-Охрид-Битола а беше донесена и одлука за vremeno otstapuvawe na просторија на Здружение на пензионери на с.Новаци.

На 6мата седница беше донесена и предлог одлука за учество со проект финансиран од Европска Унија, администриран од Светска Банка  – Проект за локална и регионална конкурентност, Повик за изразување на интерес, Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP – 1/17 и негова имплементација како и предлог одлука за финансиско учество во проект финансиран од Европска Унија, администриран од Светска Банка  – Проект за локална и регионална конкурентност, Повик за изразување на интерес, Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP – 1/17.

Советниците формираа Одбор za подигање на спомен обележје  за воените и цивилните жртви на македонскиот фронт во Прва Светска Војна на Кајмакчалан а донесоа и одлука за подигање на спомен обележје за воените и цивилните жртви на македонскиот фронт во Прва Светска Војна на Кајмакчалан

Меѓу последните тошки на дневен ред беше усвојувањето на извештајот за процена на штетаод природна непогода ,,Град,, што ја зафати општина Новаци во атарот на село Живојно на ден 02.06.2017 година.

 

Back to top
Skip to content